Техеран ги сруши стереотипите со спојот на западниот модернизам и источната традиција

8 октомври 2014

Сепак во продолжение ќе ви претставиме една сосема поинаква страна, претставена преку младите и богати деца во Техеран, со која се рушат сите досега познати стереотипи. Следејќи го примерот на веќе познатите страни на Инстаграм како што се „Богатите деца на Инстаграм“, „Богатите деца од Беверли Хилс“ и „Богатите деца од Њујорк“, елитата од Иран реши да им се придружи со креирање на сопствен профил – „Богатите деца од Техеран“.

На овој профил може да се најдат фотографии од најбогатите деца кои дефинитивно знаат да уживаат во животот, возејќи најнови и скапи модели на автомобили, живеејќи во палати, носејќи најнови парчиња од колекции на дизајнерите, скап накит, конзумирање алкохол на познати забави итн. Економската стабилност на Иран дозволи голем број припадници на елитата да уживаат во луксуз и гламур, да се школуваат во странство, а со тоа и да направат микс на западната со источна култура.

Ова е само уште еден доказ дека прикажувањето на едната страна од приказната преку медиумите е монолитна и субјективна за остварување на нечии интереси, а профилот на Инстаграм ги сруши бариерите на ваквата пракса со „тргањето на маските“ и покажувањето на една сосема поинаква, а сепак автентична страна, за двојниот живот во една муслиманска држава, каде сеуште постои строго почитување на верските закони.

Објавено:
8 октомври 2014
Категорија: 
Актуел