Тетовчанката Ана Трајковска во топ 5 најубави на Мис Аполон 2014 во Бодрум

28 мај 2014

Минатиот викенд во Бодрум, Турција се одржа интернационалниот изборот за убавина Мис Аполон 2014 каде учество земаа 30 девојки од исто толку држави од целиот свет.

Нашата држава ја претставуваше 17-годишната Ана Трајковска од Тетово. Таа имаше успех со пласманот во топ 5 најубави девојки, а ја освои и титулата Мис Веноса 2014, која жири-комисијата и ја додели за комплетна личност.

Победничка на  Мис Аполон за 2014 е Диана Кубасова од Летонија, титулата Прва придружничка ја освои Екатерина Циганова од Казахстан, а Втора придружничка е Александра Бред од Русија.

Нашата Ана во Турција престојуваше 10 дена благодарејќи на модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина.

 

Објавено:
28 мај 2014
Категорија: 
Актуел