Пејачката Тина Тарнер го сподели својот свадбен албум со читателите на магазиноt Hello и откри зошто одлучи да се омажи во црна венчаница дизајнирана од нејзиниот близок пријател Џорџо Армани. Таа на венчавката за германскиот музички продуцент Ервин Бах носеше креација од зелен тафт и црн свилен тул. Двојката се венча пред неколку дена во нивната куќа покрај Циришко Езеро во Швајцарија, а ова е првата фотографија од свадбената церемонија ексклузивно објавена во Hello. Тина Тарнер откри дека креацијата на Армани првпат ја забележала на една негова ревија во Пекинг. „Си помислив, морам да го има овој фустан, дури и ако никогаш не го облечам“, изјави таа за црниот модел украсен со сваровски-кристали. „Потоа си помислив, тоа ќе ми биде венчаницата.“
Седумедесет и три годишната суперѕвезда побара сите нејзини женски гости да носат бели фустани, додека мажите да бидат облечени во свечен фрак со црна вратоврска. Тарнер и Ервин се заедно 27 години и пејачката изјави дека конечно ја достигнала фазата во нејзиниот живот што ја нарекува „нирвана“. Иако со години е будист, пејачката не избра будистичка свадбена церемонија, туку традиционална американска свадба. На свадбата гостуваа Опра Винфри, Брајан Адамс, Џорџо Армани, Шаде, Дејвид и Иман. Двојката во моментов е на меден месец во Италија.