Титулата „Мис Универзум“ замина во Мексико, а ова се најубавите вечерни креации од изборот

17 мај 2021

Вчера во Флорида се одржа изборот за „Мис Универзум“, откако минатата година поради пандемијата, целата манифестација беше откажана.

Претставничката на Мексико, 26-годишната Андреа Меза беше крунисана како победничка, а зад неа останаа претставничките на Бразил и Перу. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Miss Universe (@missuniverse)

Манифестацијата ја водеа познатиот телевизиски водител и актер Марио Лопез и тв-ѕвездата Оливија Кулпо. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by SHUN (@shunsla_y)

Вниманието на јавноста го одвлече претставничката на Мјанмар, Тусар Винт Лвин, која ја зеде наградата за најдобар национален костум, а пригодата ја искористи да остави важна порака: „Мојот народ умира и е пукан од страна на војската секојдневно. Затоа, сакам да ги повикам сите да зборуваат гласно за она што се случува во Мјанмар,“ изјави таа во видео претставувањето, додека за време на дефилето со национални костуми, носеше знак со паролата „Молете се за Мјанмар“.

На поведрата страна од приказната, девојките изгледаа навистина убаво во елегантните тоалети на самиот крај. Девојките во најголема мера носеа сребрени и нуд креации. Фустаните вообичаено имаа сирена крој и многу мониста.

Изненадија неколку претставнички кои се појавија во тоалети со бојата на годината - жолта, а можеше да се види и по некоја црвена и кралска сина свечена креација. Претставничката на Сингапур отскокнуваше од стандардот во широка асиметрична балон креација.

Во продолжение, погледнете ги сите претставнички и одлучете која вам најмногу ви се допаѓа.

Објавено:
17 мај 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.516 пати