Трансформациите на Мис Диор на изложба во Париз

13 ноември 2013

Денеска во Grand Palais во Париз се отвора изложбата која ќе ни открие како низ годините се трансформирал познатиот парфем на францускиот бренд Диор, фамозната етикета Мис Диор.

На поставката Мис Диор ќе биде презентиран во сите негови варијации, од оригиналната формула за прв пат лансирана во 1947 година, до денешната современа реинкарнација.

Преку ретроспективата на изложбата ќе се воочи и разликата во дизајнот на амбалажата, која претрпела неколку радикални промени.

Изложбата ќе биде придружувана со уметнички дела на 15 женски артисти, но и со ретки фотографии на Кристијан Диор со други генијални уметници како Пикасо и Салвадор Дали.

Објавено:
13 ноември 2013
Категорија: 
Актуел