Трансформацијата на Селма Хаек: Актерката стана црвенокоса за улогата во The House of Gucci
•
23 април 2021
Актерката од Frida, Селма Хаек деновие престојува во Рим каде на долго и широко се подготвува најисчекуваниот филм во модната понова историја.
Хаек ја толкува улогата на Пина Ауриема, во филмот House of Gucci, а токму затоа, Селма ја бојадиса својата кафена коса во црвена боја па сличноста мрѓу неа и видовитата Ауриема е очигледна.
Пина Ауриема е пријателка на Патриција Реџијани и заедно со вдовицата на Гучи доби 24 години казна затвор за планирање и организација на убиството на Маурицио Гучи.
За потсетување, главните улоги во филмот ги толкуваат Лејди Гага и Адам Драјвер, а покрај нив се појавуваат и Селма Хаек, Ал Пачино и Џеред Лето.