Уште тоа остана: Дејвид Бекам ќе биде и актер

15 јуни 2015

Поранешен фудбалер, дизајнер, модел, а сега и актер. По се' изгледа дека Дејвид Бекам нема нешто што не знае да го работи.

Како пренесуваат странските медиуми, Бекам ќе биде дел од актерската екипа на остварувањето Knights Of The Roundtable: King Arthur во режија на неговиот другар Гај Ричи.

Неофицијално, Дејвид би требало да го толкува ликот наречен Blackleg Leader, а покрај него во остварувањето ќе се појават и Ерик Бана и Попи Делевињ.

Инаку, Дејвид и Гај соработуваа во 2013 година за кампањата на H&M, како и рекламата за Beckham's Haig Whiskey.

За потсетување, и Викторија Бекам има искуство на големото платно, благодарение на филмот Spice World The Movie, за групата во која членуваше, а која достигна светска слава.

Објавено:
15 јуни 2015
Категорија: 
Актуел