Успешен Black Fridау во Сити Мол

29 ноември 2014

DSC_6607

И трговскиот центар Сити Мол, вчера се приклучи кон светскиот тренд на Black Friday  познатиот ден на големи попусти речиси насекаде во светот. Оваа традиција започна во Америка, по празнувањето на „Денот на благодарноста“, но се прошири и во други држави. Но, ако во Америка се доживува хистерично, луѓе кампуваат преку ноќта пред омилените продавници, а и тепачките не изостануваат, кај нас Black Friday помина мирно, но сепак со полни кеси.

DSC_6595

Тимот на Fashionel вчера во одреден дел од денот го посети Сити Мол, па може да се рече дека голем број од луѓето го искористија последниот работен ден, а и крајот на месецот да се почестат со некое парче или производ.

Попустите во дел од продавниците варираа од симболични 10 до 80 проценти, како и со разни акции, што предизвика насмевка на посетителите, а ние влеговме и во продавницата на македонскиот бренд Елена Лука, каде имаше 50 проценти попуст на одредени парчиња.

DSC_6576

-Многу сме задоволни од одзивот на посетителите, особено во претпладневните часови. Најголем интерес имаше за најновата бизнис колекција на Елена Лука, што ни е особено драго, па можеме да кажеме дека голем број дами си заминаа со парчиња што веруваме дека придонесоа да се чувствуваат поубаво и посигурно во себе – ни изјавија вработените во салонот.

DSC_6592

Покрај најновата колекција, во салонот беа изложени и дел од свечените фустани од претходните колекции, мантили и плетеници, па секој можеше да најде за себе по нешто.

DSC_6587

Голем број од посетителите ја поздравија акцијата, а дел изјавија жалење што се случува токму на крајот од месецот. Но, тоа не го намали интересот и намерата да влезат и да ги разгледаат понудите.

DSC_6588

DSC_6612

DSC_6618

Објавено:
29 ноември 2014
Категорија: 
Актуел