Версаче ја трансформираше Лили Џејмс во „Goth“ принцеза за новата кампања

20 јули 2022

Трансформирачката моќ на актерката Лили Џејмс (33) која на јавноста ѝ е најпозната по своите улоги во „Cinderella", „Mamma Mia! Here We Go Again", „Baby Driver", „Downton Abbey", „Pride And Prejudice And Zombies", неодамна ја потврди својата трансформирачка моќ појавувајќи се и како Памела Андерсон во филмот „Pam & Tommy" кој се емитува на Hulu. Оваа улога ѝ донесе и номинација за Еми награда за најдобра главна актерка.

Но, се чини дека оваа нејзина супермоќ да ги трансформира своите изглед и енергија сепак излегуваат од филмското платно, а овојпат се пренесе и на модните сетови на Версаче, кога за време на последната кампања за модната колекција за есен 2022 година, Донатела Версаче ја претвори актерката во вистинска Goth принцеза.

Можеби никогаш не сте можеле да ја замислите Џејмс во овој стил, но фотографиите направени од Мерт Алас и Маркус Пигот во Рим се неверојатен приказ за тоа како оваа колекција има способност да отклучи нови и непознати енергија и моќ на оној кој ги носи креациите.

Шминката на Порше Пун која вклучува усни во најтемната нијанса на црвено вино, избелените веѓи, црна рамна коса и шишки кои беа идеја на фризерот Карим Белгиран, црните латекс ракавици кои одговараа на нејзиниот фустан и чантата Greca Goddess го дополнија овој изненадувачки мрачен, но елегантен изглед.

Објавено:
20 јули 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
418 пати