Видео: Како изгледа циклусот за производство на една обична маица?

22 април 2020

Дали знаете дека годишно во светот се купуваат околу 2 милијарди обични мачки по кратки ракави? Овој податок покажува дека ова парче облека е едно од најпродаваните на глобално ниво.

Но, како и каде се изработуваат овие парчиња облека и какво е влијанието на тој процес на изработка врз животната средина?

Животот на обичната памучна маичка, почнува на фарма најчесто во Амерка, Кина или Индија, каде се одгледува памукот. При одгледувањет на памукот, многу често се корстат пестициди што имаат исклучително негативно влијане на еко системот и на неговиот животен циклус.

Драстично помал е процентот на маички изработени од органски памук, во чиј процес на одгледување не се користат штетни материи и заклучно со тоа, нема штетни влијанија на животната средина. Но, неговата употреба е незначителна во споредба со неорганскиот памук.

Притоа, во просек, за производство на една маичка се потребни околу 2700 литри вода, што е уште еден клучен податок што треба да се земе во предвид кога се калкулираат последиците врз животната средина.

Во видеото во продолжение, кое нема да ви одземе многу време, ќе се информирате за клучни факти во производственот циклус на ова парче облека, а исто така ќе ви даде насоки како вие лично може да придонесете за заштита на животната средина.

 

Објавено:
22 април 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
459 пати