Викторија Бекам бремена по петти пат!

1 април 2017

Една од најпознатите дизајнерки и поранешна членка на најпопуларната женска група на сите времиња „Spice Girls“, Викторија Бекам, објави дека го очекува своето петто дете.

Во чекор со светските ѕвезди, таа на својот Инстаграм профил објави фотографија на која го покажа трудничкиот стомак.

Веста ја пренесоа речиси сите светски медиуми, а голем број од нејзините пријатели и познати ѕвезди упатија честитки до семејството на дизајнерката.

Имено, ова ќе биде петто дете за популарната британска дизајнерка и нејзиниот сопруг Дејвид Бекам.

Тие се во брак од 1999 – тата година, а досега заедно ги имаат децата Бруклин, Ромео, Круз и ќеркичката Харпер.

Ние искрено посакуваме наскоро навистина да чуеме и ваква вест, а засега ви го честитаме Денот на шегата!

 

Објавено:
1 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
7.154 пати