Викторија Бекам ја краси насловната на францускиот Вог

31 октомври 2023

Покрај тоа што е прилично актуелна со документарецот за својот сопруг, Викторија Бекам се најде и на ноемвриската насловна на францускиот Вог.

Дизајнерката и мајка на четири деца во интервјуто за магазинот одговара на повеќе прашања вo врска со семејството и кариерата.

Како што и самата вели мајчинството игра главна улога во нејзиниот живот. Синовите Бруклин, Ромео, Круз и ќерката Харпер заедно со сопругот Дејвид и се центарот на нејзиниот свет.

Викторија и е успешна бизнис жена, која низ годините изгради моќна модна империја со препознатлива естетика.

Освен тоа, некогашната спајсица има и линија на производи за убавина, а се потпишува и на неколку парфеми.

И самата вели дека сака да ја раскажува својата животна приказна преку облека, производи за убавина и парфеми.

Ужива во секоја фаза на креативниот процес и е многу посветена на работата без разлика дали работи на колекција или парфем.

Фото: Vogue.fr

Објавено:
31 октомври 2023
Категорија: 
Актуел