Викторија Бекам се врати во училишните клупи
•
13 март 2014
Гласините низ колеџот беа дека тоа ќе биде Кејт Мос, Ријана, Карл Лагерфлед, па дури и Рајан Гослинг, но сепак никој од нив не очекуваше дека тоа ќе биде Викторија Бекам, која на самиот почеток изјави – „Се надевам дека не сте разочарани од изненадувањето“.
За време на предавањето, Викторија зборувала за почетоците, нејзината кариера, лекциите кои ги научила, како постигнува да биде добра мајка, сопруга и моден дизајнер. Студентите ја искористиле можноста да и поставуваат голем број прашања, а најдобриот совет кој го добиле од неа е следниот – „Кога можев јас да успеам, може секој друг“.