Викторија Бекам со нов предизвик пред себе
•
29 ноември 2018
Славната дизајнерка Викторија Бекам се покажа како одличен стратег во бизнисот, покрај тоа што важи и за една од најпрогресивните модни креаторки.
На позитивно изненадување на нејзините обожаватели и следбеници на социјалните мрежи, таа деновиве објави дека наскоро започнува нов проект.
Се работи за нејзин You Tube канал, каде таа преку различни видео туторијали и содржини, ќе дава модни и совети за убавина.
Како што пренесуваат сите светски медиуми, нејзините фанови веќе се во очекување на овој нов проект што Викторија го најавува во рамките на нејзината јубилејна година – една деценија од нејзиниот бренд.