Вивијан Вествуд со тенк кај британскиот премиер

14 септември 2015

Британската јавност не престанува да зборува за потегот на дизајнерката Вивијан Вествуд, која со тенк отиде до куќата на тамошниот премиер, Дејвид Камерун. Испровоцирана од најавеното хидрауличко фрактурирање, односно процес на бушење и вметнување течност во земјата под силен притисок, за да дојде до пукање на камењата и испуштање на природен плин, дизајнерката мошне јасно го изрази своето незадоволство.

Генерално, овој процес што во Британија го нарекуваат frackig, последните недели предизвикува големо негување од страна на локалната јавност. Вивијан во нејзин стил е првата јавна личност која отворено се спротистави на новитетот.

На голем бел тенк со кој дојде до куќата на премиерот, беа закачени натписи со кои таа уште еднаш го изрази своето незадоволство со одлуката на Камерун. Во моментот кога таа пристигна, британскиот премиер не беше дома. Но, тоа не беше причина Вествуд да каже што мисли:

-Британците не треба да се третираат како експериментални глувци! – порача дизајнерката.

Со 74-годишната Вествуд беа неколку демонстранти кои носеа гас маски.

Објавено:
14 септември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.499 пати