Во Милано почнува неделата на волната

10 септември 2013

Во Милано започнува десеттата по ред манифестација која во рамките на една недела во фокусот ја става  волната како еден пред се еколошки, пријатен и суштински материјал во изградбата на едно модно дело.

 

 

Сите оние кои ќе се најдат на плоштадот Дуомо во Милано на десетти септември, ќе го имаат чувството дека се дел од приказната за Хајди, бидејќи околу нив ќе парадираат стотина овци. Се работи за иницијатива која е дел од Campaign For Wool, кампања за едукација и промоција на волната како главен и основен материјал во креирањето на модели, а Woolmark е брендот кој е еден од главните подржувачи на оваа идеја и за прв пат годинава го избира најмодниот град во светот како домаќин и база од каде ќе почне Неделата на волната.

 

Александар Ванг дел од колекцијата есен-зима 2013/14 Александар Ванг дел од колекцијата есен-зима 2013/14

 

Од 10 до 16 септември Милано ќе биде центар на низа активности и настани кои на присутните ќе им овозможат подобро запознавање со „светот на волната“. Манифестацијата ќе кулминира на 10 септември  во Палатата на Виктор Емануел во рамките на која ќе продефилираат светски познати имиња предводени од Андреа Помпиљо. Кон крајот на неделата кампањата ќе замине и во други европски и светски престолнини, вклучувајќи ги Шангај, Лондон, Берлин и Амстердам со цел нејзина промоција и афирмација.

 

Александар Ванг, фотографирано од ени Лејбовиц Александар Ванг, фотографирано од ени Лејбовиц

 

Во фокусот на настаните е специјалното појавување на дизајнерот Александар Ванг во рекламната кампања за која позира пред објективот на Ени Лејбовиц заедно со овци и вели:

„Ја користам мерино волната во моите колекции, од кога почнав да соработувам со светски познатиот бренд Woolmark и таа соработка за мене е од големо значење. Влакната од кои се изработува волната како материјал содржат силни еколошки состојки и сметам дека тоа е од голема важност при креирањето и изработката на моделот, а влијае и врз модерниот аспект на целото модно ремек дело“.

 

 

 

Објавено:
10 септември 2013
Категорија: 
Актуел