Една од нив е и манекенката со австралиско потекло Миранда Кер која во јуни склучи соработка со авио - компанијата Qantas за креирање на нова линија униформи за вработените. Соработката која на почетокот беше основа за манекенката да се докаже и на полето на дизајнерството полека пропаѓа во вода бидејќи надлежните лица од компанија изјавиле – „Униформата изгледа фантастично на Миранда Кер, но ние не изгледаме како неа“.
Проблемот настанал откако се спровела анкета меѓу вработените кои истакнале дека униформата воопшто не е комфорна и практична во извршувањето на работните обврски, како и дека моделот воопшто не одговара за жени во подоцнежни години.
Челните лица на авио – компанијата ги пофалија униформите на моделот, но сепак истакнаа дека вработените повеќе се залагале за униформите од Питер Морисеј кои не биле толку тесни и непрактични како оние на Миранда Кер.
Се надеваме дека ова нема да влијае на кариерата на Кер која моментално поминува бурен период поради разводот со актерот Орландо Блум.