За оние што работат од дома: Канадски бренд ги има вистинските предлози

22 октомври 2020

Голем број од луѓето за време на пандемијата со Ковид-19 своите работни обврски ги извршуваа(т) од дома. Помеѓу другото, тоа подразбира и видео повици, онлајн состаноци и слично...

Инспириран од тоа, канадскиот бренд „Hanri Vézina“ создаде колекција насловена како „Работа од дома“, а за истата направи и кампања која го привлече вниманието на јавноста.

Имено, на фотографиите се појавуваат мажи во долна облека и сако и кошула, па на еден хумористичен начин, а сепак со претставување на прецизен дизајн на машка облека, се прилагодија на новата ситуација. Кампањата е направена во соработка со маркетинг агенцијата „Dentsu“ и наиде на бројни позитивни реакции од јавноста.

Сепак, ова не е прва ваква кампања. Од споменатата ситуација се инспирираше и тимот на „ Prisma“. Тие понудија пак, комбинации и за мажи и жени, што ги обединија под слоганот „Half-Formal is new normal“.

Досетливо и во функција на ситуацијата која ја обележа годинава.

 

Објавено:
22 октомври 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
320 пати