Заврши богатата културно - музичка програма од „Тиквешкиот гроздобер 2013“

16 септември 2013

Изминатиот викенд освен во Скопје и Битола, богата културна  манифестација приреди и  домаќинот  на традиционалниот културно- стопански туристички настан ,„ Тиквешки гроздобр 2013“-  градот Кавадарци. Fashionel и од градот на убавото грозје и вино го проследи  настанот кој освен добро познатиот вински карневал и уште низа интересни случувања, понуди три дневна програма со големи музички имиња. На годинашниот гроздобер настапија и околу 1100 учесници распоредени во 27 карневалски поставки, а освен домашните поставки имаше и маски од Словенија, Грција, Турција, Бугарија како и Струмица и Прилеп.

 

Во петокот први мразот го скршија ДНК, а со тоа се најваи и тридневното чествување на грозјето и виното. Свој концерт имаше и Каролина Гочева, потоа специјалните гости од Куба „Хавана Микс“. Централната вечер беше резервирана за настапот на гостинот кој допатува од Хрватска - Масимо Савиќ, потоа Тамара Тодевска,  за забавата да кулминира со настапот на врвниот македонски автор на електронска музика Кирил Џајковски заедно со TK Woneder.

 

Крајот на музичкиот дел во недела го имаа групата „Синтезис“, за до доцна во ноќта Кавадарчани и многуте гости во градот се забавуваат со  членките на новосадската женска група „The Frajle“.

 

Низ нашите наредни содржини ќе читате и гледате за тоа како Fashionel дејствуваше со моден третман токму од Кавадарци.

Објавено:
16 септември 2013
Категорија: 
Актуел