Доколку летово одвоивте време за прошетка и шопинг низ некој од трговските центри, тогаш веројатно забележавте дека зелената е бојата која дизајнерите ја сместија во своите нови колекции.

Нејзиниот огромен успех веќе го прогнозираше Институтот за боја Пантон кој ја прогласи за боја на сезоната што доаѓа.

Конкретно, за ѕвезда на есента тие ја посочија нијансата Lush Meadow која е вистински неодолива, богата и софистицирана зелена боја.

Откако ги освои модните писти, сосема очекувано зелената боја беше избор и на големиот број high street брендови кои направија супер парчиња во оваа нијанса.

Сепак, брендовите нудат огромна палета на зелени нијанси од кои може да ја одберете онаа која најмногу ви се допаѓа и да бидете тренди.

Она што е сигурно е дека зелената боја ќе биде тренд што ќе владее во студената сезона и ќе го преземе „тронот“ од прекрасните бои кои минатата есен беа хит меѓу кои и темно црвената, беж бојата и портокаловата.

Во галеријата погледнете дел од парчињата во зелени нијанси кои владеат во high street понудата.

Извор: Journal.hr

Објавено:
18 јули 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.335 пати