Кога станува збор за креативност во пристапот Жакемус е еден од најдобрите дизајнери.
Познат е по одбирање на ултра интересни локации за своите ревии, а овој пат тоа го направи и за својот поп-ап бутик.
Како дестинација ги одбра снежните француски Алпи,односно адресата Courchevel 1850.
Станува збор за населба позната по луксузниот животен стил, на којшто сега се надоврзува уште една атракција.
Местото е прилично посетувано од голем број на познати личности, а минатата година овде се наоѓаше поп-ап бутикот на Луј Витон.
Продавницата на Жекемус е уредена во минималистички стил, декорирана со празнични украси и секако новогодишна елка.
Деталите околу содржината и колку долго ќе биде на таа локација се уште не се познати.
Жакемус и неговиот тим на Инстаграм го најавија поп-ап бутикот со натписот “their new baby.”
View this post on Instagram