Жените купуваат само едно од 10 пробани парчиња

12 јули 2013

Од  10 пробани парчиња облека, жените купуваат едвај едно. Просечната Британка троши околу 40 фунти месечно за облека која воопшто и не ја облекува и завршува во плакарот. И додека дамите се прибирливи кога купуваат од обични продавници, онлајн трговијата качува вертикали. Голем дел од модерните жени носат облека купена од интернет продавниците.

 

Истражувањата покажуваат дека повеќето жени не можат да го дефинираат сопствениот стил. Само 39% од 2000 испитанички со сигурност знаат што најмногу им прилега на нивната фигура и точно знаат што да купат. Секоја десетта Британка оди на шопинг секој ден и поголемиот дел од нив купуваат според последните модни трендови.

Објавено:
12 јули 2013
Категорија: 
Актуел