Во организација на Сојуз на спортови на Скопје, како дел од промотивните трки на Виз Ер Скопски маратон 2015, вчера се одржа третата по ред женска трка со еден основен апел: превенцијата од заболувањата започнете ја со вежбање.
„Со оглед на фактот дека современите жени имаат голем број обврски, а се помалку време за себе, време за вежбање, ризикот за заболувања е се поголем. Овој непобитен факт ние сакаме да го смениме. Почнувајќи сега и тука“, велат организаторите на настанот.
Настанот во неделата собра голем број жени и девојки во градскиот парк, каде најпрвин се загреваа според инструкциите на професионалните спортски инструктори, а потоа го истрчаа маратонот од еден километар.
Трката ја подржа и македонскиот бренд за спортска облека со седиште во Њујорк, Di Biaggio чии дизајнерски парчиња спортска облека се препознаваа по уникатниот дизајн и храбрите бои, што го оправдува и нивното основно мото „Остани различен-инспирирај“.
Инструкторите на Кетифит, како и еден дел од учесничките на трката, носеа спортска опрема со потпис од овој бренд.
Трките од овој карактер постојот насекаде во светот со иста цел подигајќи ја свеста на жените дека не е доцна да почнеме со активност.