Хрватската пејачка Северина Вучковиќ, ги дизајнираше насловните страни на двата нови женски роковници за 2015 година. Едната насловна страна е дизајнирана со сензуална црна тантела, а другата насловна е украсена со сцена од Луна парк, местото каде децата и родителите се најсреќни. Станува збор за хрватската маркетинг агенција Витам која веќе десет години успешно работи на промоција на хрватски производи. Женскиот роковник е он лајн сајт и нивен најпознат бренд лансиран во 2013 година, кој е комплетно во служба на потребите и желбите на сите дами. Како една од најпозните хрватски ѕвезди Северина, со право заслужи да биде дел од нивниот тим. Резултатите од соработката се и повеќе од очекувани, бидејќи новите женски роковници дизајнирани според вкусот на познатата хрватска дива ќе бидат дел од дневната агенда на секоја жена и девојка.
„Добив задача, но и чест да дизајнирам насловни страни на Женски роковници. Тоа не се обични тефтери, туку книги кои имаат душа, производи кои се комплетно наменети за жени. Внатре има и огледало. Се изгледа онака како што го замислив, а страниците се украсени со дел од најинтересните историски цитати кои мене ми се особено драги. Роковникот е одличен подарок за претстојните Божиќни празници. Едноставно мора и треба да го поседувате“, изјави Северина за медиумите и додаде дека неа лично подрага и е насловната со Луна паркот.
Пејачката на снимањето на првите промо фотографии позираше во истиот аутфит кој можеме да го забележиме на насловната на роковникот со Луна паркот, па од тука ќе констатираме дека на коверот со Луна парк е таа заедно со нејзиниот син Александар. Женскиот роковник за 2015 година има уште три насловни страни, а промоцијата на новите изданија ќе се одржи оваа среда на саемот во Загреб.