Bitsiani презентира водич за матурантите

21 април 2015

Матурските вечери наближуваат, а со тоа се отвара и дилемата што да се избере за софистициран, но сепак младешки изглед. Продавниците на Aristoteli Bitsiani се секогаш едни од најпосетуваните  кога станува збор за матурските подготовки на момците, а оваа сезона брендот подготви  водич за матуранти со предлог комбинации за повеќе  стилови, но и совети за избор на соодветна облека, обувки и модни додатоци.

Тимот на Bitsiani за сезоната на матурски прослави презенира комбинации во кои, пред сè, доминираат свежите бои и разиграните дезени што ги прави поразлични од останатата понуда на пазарот. Така речиси во секоја комбинација панталоните се во пастелни бои, кошулите се со најразлични дезени, чевлите се исто така во боја, а неизбежни се и модните додатоци како вратоврските-пеперутка кои кај овој бренд се далеку од класични, џебните марамчиња и марамитe  со егзотични принтови. Белата боја е доста застапена за храбар и впечатлив изглед, а пак за оние кои себе си не се гледаат облечени во костум оваа ноќ, секогаш постојат и полежерните комбинации со палто, маица, поелегантни патики итн.

Фотосесијата за матурскиот водич е реализирана од страна на фотографите Ани и Дими со моделот Вања Трампевски од агенцијата „Подиум“ ,а  шминката и фризурата се на Маја Саздановска.

Водичот ќе биде достапен во продажните места на Bitsiani, во рамките на списанието Теа Модерна на 22.04.2015 и на уште неколку соодветни локации низ градот.

 

Објавено:
21 април 2015
Категорија: 
Колекции