Познатиот дизајнер Брендон Максвел на Њујоршката модна недела презентираше неверојатно женствена колекција инспириран од неговиот роден Тексас.
Дел од неговата колекција беа прекрасни фустани, здолништа и кошули во магични светли нијанси, изработени од неодоливи материјали како свила, плисе, памук и по малку кожа.
Ревијата младиот дизајнер ја започна со секси креација во розова нијанса, за да продолжи во иста нијанса, прикажувајќи лежерни панталони во комбинација со палта и шармантни лелеави блузички.
Парчињата што следеа беа во јака и неодолива црвена нијанса, за потоа на пистата да видиме ултра женствени фустани во нежна розова боја, ментол зелена, жолта и секогаш неизбежната бела.
Дека дизајнерот е непоправлив романтичар докажа и со оваа ревија, за која повика некои од најпознатите модели на денешницата кои изгледаа неверојатно гламурозно благодарение на совршената шминка и фризура.
Со оваа колекција младиот Максвел му искажа почит на неговиот роден Тексас кој послужи како инспирација за она што тој го создаде, а на што му аплаудираше полната сала.
Вистинско изненадување за сите беше моментот кога на пистата се појави познатата манекенка Лили Олдриџ која е во петтиот месец од бременоста, облечена во тесен црвен фустан од колекцијата во кој изгледаше неверојатно.
Во галеријата погоре погледнете ги сите модели од колекцијата прикажана на Њујоршката модна недела.
Извор и фото: WWD