Celio* создаде шик колекција за урбани мажи!

5 март 2015

Францускиот бренд Celio* конечно ја објави новата пролет/лето колекција за 2015 година, а како што очекувавме таа е неверојатно младешка и со ултра позитивен дух.

Тимот дизајнери на брендот инспирација за истата црпеше од Соединетите Американски Држави, па така парчињата и овојпат се исклучително урбани, модерни и тотално кул!

Ѕвезда на колекцијата е индиго бојата што неодоливо се провлекува низ кусите тренди јакнички, долгите палта, маичките со фантастични натписи и дезени, но и фармерките што овојпат се подобри од било кога.

Токму тие се сметаат и за новитет во оваа колекција, со оглед на тоа што се мешавина на класичен џинс и трико што ги прави супер практични и удобни.

Тексас јакните и палтата во индиго боја создаваат нови правила на елеганција и се промовираат како носечки парчиња на лежерниот стил.

Еден од останатите трендови на сезоната е рокерскиот дух со спортски примеси, изразен преку употребата на темни нијанси, сива и бела во форма на „кул” парчиња за младите и активни момци. Изгледот е дополнет со додатоци како ранци или торби кои се носат странично.

Инспирацијата за летните парчиња во колекцијата, тимот ја црпи од плажите, прекрасните бои и пастелни нијанси, како и принтовите со егзотични мотиви...

celioE15-15

Во продолжение, погледнете го новиот едиторијал на брендот и сите парчиња од нивната фантастична колекција за урбани и позитивни момци!

Објавено:
5 март 2015
Категорија: 
Колекции