Во рамки на неделата на Висока мода во Париз која заврши неодамна, свое шоу имаше и Ели Сааб.

Тој претстави колекција која некако не потсети на креациите по кои широката публика го запозна - тантела, цвеќиња, 3Д апликации...

Да, оваа пролетна колекција е како цветна рапсодија. Вели се инспирирал од медитеранот, а навистина кога ја разгледувате колекцијата ве носи во едно сосема друго место и атмосфера.

Доминираат силни нијанси на розова, виолетова, сина - после сето сивило кое не' опкружува веќе неколку години наназад, дизајнерот открива дека и неговите клиенти бараат креации во интензивни бои кои ќе внесат подобро расположение.

Органзата како материјал доминира, па целата колекција е воздушеста, нежна, цветна и секако луксузна, бидејќи рачната работа, везот и апликациите доминираат.

Во галеријата на почетокот погледнете ја целата колекција.

 

Објавено:
31 јануари 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
433 пати
Тагови: 
Ели Сааб