Ревијата на модната куќа „Диор“ беше една од оние што го обележаа вториот ден од модната недела за Висока мода во Париз.

фото извор: nowfashion.com

Но, со оваа колекција брендот го означи почетокот и на одбележувањето на 70-годишнината од постоењето.

За таа цел, Марија Грација Кјури се нурна уште еднаш во корените на куќата. Кристијан Диор е секогаш главна инспирација, но овој пат надополнета со онаа предизвиката од патувањата и светските патници.

фото извор: WWD.com

Еден дел од креациите веројатно ќе ве потсетат на серијата „Патот за Авонли“, чие дејство се одвиваше во раните години на 1920-тиот век, естетика што се содржи и во инспирацијата на Кјури, но уште повеќе стилот на доцните 1940-ти и раните 1950-ти, кога на модната сцена владее „Новиот изглед“ на „Диор“.

фото извор: vogue.com/Alessandro Garofalo / Indigital.tv

Затоа доминацијата на А-формата воопшто не изненадува. Долги капути и фустани од волна се императив за следната есен, ако се прашува оваа модна куќа. Половината речиси кај сите креации е истакната со ремен, а тулот и шифонот овој пат се ставени во втор план.

фото извор: vogue.com/Alessandro Garofalo / Indigital.tv

Многу внимание привлече и црниот комбинезон поставен со бела волна.

Наспроти овие волнени креации, чија изработка изгледа е доведена до совршенство, што придонесуваат за тие да изгледаат софистицирано, женствено, но и моќно во исто време, се оние нежните и уште поженствени креации.

фото извор: vogue.com/Alessandro Garofalo / Indigital.tv

фото извор: vogue.com/Alessandro Garofalo / Indigital.tv

Тука пак, се забележува исклучителната рачна изработка, везовите и рачно сликаните ткаенини, што прават креациите да изгледаат како мали уметнички дела.

фото извор: vogue.com/Alessandro Garofalo / Indigital.tv

Уште нешто привлече внимание во оваа колекција на „Диор“, а тоа е изборот на модни додатоци. Марија Грација секогаш ја потенцирала женската моќност, а тоа не изостанува ниту овој пат, само што сега ја претставува преку имплементирање на построги кроеви и „машки“ модни додатоци. Шапките и рамните гломазни чевли се совршено имплементирани во приказната, која за разлика од претходната каде што доминираа сините нијанси, овде е обоена во повеќе нијанси на сива, со по неколку креации во изразена црвена, жолта, зелена боја...

фото извор: vogue.com/Alessandro Garofalo / Indigital.tv

фото извор: vogue.com/Alessandro Garofalo / Indigital.tv

Без разлика кој период од оваа модна куќа го сакате најмногу, мора да се забележи дека Марија Грација Кјури сè подобро се снаоѓа во оваа ера на „Диор“.

фото извор: vogue.com/Alessandro Garofalo / Indigital.tv

фото извор: vogue.com/Alessandro Garofalo / Indigital.tv

фото извор: vogue.com/Alessandro Garofalo / Indigital.tv

фото извор: vogue.com/Alessandro Garofalo / Indigital.tv

Ако претходно се забележуваше влијанието од „Валентино“ и барањето на себеси во она што претставува „Диор“, сега може да се забележи дека цврсто чекори, поставувајќи ја својата визија за естетиката на овој бренд сè повпечатлива, па креациите што ја сочинуваат оваа колекција може да се толкуваат и како рефлексија на она како дизајнерката се чувствува – како светски патник кој цврсто и моќно го оди својот пат.

фото извор: Nowfashion.com

Целата колекција можете да ја погледнете во воведната галерија.

Објавено:
4 јули 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
213 пати