Доаѓа зима: Алберта Ферети ги дизајнираше најубавите снежни комбинации за сезонава
•
19 октомври 2019
Ни се допаѓа како дизајнерката Алберта Ферети ја замислува оваа зима: снежна, вестерн и романтична.
Сите комбинации од нејзината колекција за актуелната есен-зима сезона се олицетворение на врвна естетика, а тоа што се комплетно бели е уште еден плус.
Колекцијата е популарна во уличната мода и на Инстаграм, што може да забележите по фотографиите на популарните ИТ девојки, кои често во своите комбинации имплементираат парчиња од оваа италијанска дизајнерка.
Уште еден впечатлив сегмент во оваа колекција се зимските шешири, како и деталите во златна боја, што зимската идила на Алберта Ферети ја прават уште поволшебна.