Само една година откако создадоа шик колекција венчални фустани заедно со Stone Fox Bride, познатиот бренд Елокви ја најми дизајнерката и внука на Мисони, Тереза за уште една уникатна колекција.
Тие создадоа супер пролетни парчиња и ги сместија во една plus size колекција која девојките веќе ја обожаваат, а голем дел од моделите се и веќе нарачани.
„Сакав да ги изненадам и почестам купувачите на Елокви со една уникатна и безвременска колекција. Мислам дека е супер тоа што им даваме можност на нашите купувачи да изберат и нешто сосема поинакво од она што е тренди и што сите го носат, нешто што ќе им даде дополнителна самодоверба“, изјави Тереза Мисони по повод соработката со брендот.
Таа додава дека инспирација за целата колекција пронашла од нејзините патувања во Сардинија, Индија и Африка каде била сведок на фасцинантни принтови.
Дел од колекцијата се прекрасни кошула – фустани, комбинезони од тантела, удобни и лежерни пролетни панталони, долги здолништа, мрежести блузички, кошулки со принт и многу модни додатоци.
Што се однесува до цените на парчињата од колекцијата, истите се движат од 75 до 300 долари зависно од парчињата што ќе ги изберете.
Повеќе од сигурно е дека оваа колекција ќе биде вистински хит пролетва со оглед на неодоливите и супер удобни парчиња што ги содржи.