ЕЛЕНА ЛУКА: Љубов на прв поглед

11 февруари 2022

Најубавите балади се напишани за љубов. Најемотивните книжевни дела се за љубов. Најголемите филмски класици раскажуваат љубовни приказни. Љубовта е најсилната емоција што ги врзува сите форми на уметноста.

Љубов е главната есенција и во модата, уметност како плод на љубов.

Љубов е ЕЛЕНА ЛУКА. Со новиот тематски едиторијал посветен на Св.Валентин, нашиот моден бренд праќа силна порака: почнете од себе. Кога имате љубов во себе и за себе, имате љубов за сите.

Неодоливи дизајнерски парчиња во розови и црвени тонови, со брендирани детали и написи во форма на срце, фантастични модни додатоци, како нашите омилени свилени марами со принтови и обетки повторно во форма на срце, се најдоа во приказната за овој празничен едиторијал кој говори во име на љубовта.

ЕЛЕНА ЛУКА е љубов на прв поглед!

Ние не можевме да се одлучиме само за еден фаворит, а вие?

Еден од најпопуларните сетови е овој романтичен комплет тренерки, во нежна розова нијанса со странично поставени карнери. Перфектни!

Розов сет: 2.400 ден.

Нашиот омилен љубовен црвен дуксер, стилизиран со волуменозен карнер, е совршен избор кога сакате да изгледате впечатливо во секоја прилика.

Дуксер со карнер: 2.350 ден.

Високи чорапи: 800 ден.

Белиот дуксер со логото на брендот во форма на срце, е супер избор кога сакате  да ѝ дадете љубовен печат на секоја модна комбинација.

Бел дуксер: 1.500 ден.

Црвена јакна: 3.100 ден.

Ако пак сте повеќе за црвена варијанта, во богатата палета на љубовни дизајни, ЕЛЕНА ЛУКА ви го предлага црвениот дуксер со впечатлив дизајнерски елемент во форма на срце поставен на задниот дел.

Цевен дуксер: 2.400 ден.

Чорапчиња со срциња – симпатични и впечатливи додатоци. Со мал детаљ постигнувате голем стилски ефект.

Кратки чорапи: 800 ден.

Чевли: 2.800 ден.

Зарем може некој да им одолее на симпатичните обетки во форма на срце?

Обетки срце (црвени): 1.300ден.

Обетки срце (шарени): 950ден.

Прекрасен избор на свилени марами со фантастична палета на принтови. Како јаготка на шлагот во секоја комбинација.

Марамa: 1.100ден.

Сите фотографии погледнете ги во галеријата во продолжение, а сите љубовни сетови и дизајнерски парчиња се достапни во продажба и  онлајн, на е-продавницата на ЕЛЕНА ЛУКА:

Со љубов,

ЕЛЕНА ЛУКА

Објавено:
11 февруари 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
389 пати