Ели Сааб: Микс од гламур, пердуви, карнери и малку rock’n’roll во колекцијата за есен-зима 2022

9 март 2022

„Ова беа две години на големи страдања", изјави либанскиот дизајнер Ели Сааб за Вог по завршувањето на неговото модно шоу за колекцијата есен-зима 2022 во Париз, алудирајќи не само на пандемијата туку и на големата криза во Либан по катастрофалната експлозија во Бејрут.

Затоа, дизајнерот покажа проактивност на јазикот кој најдобро го говори, модниот и креираше колекција која во суштина е омаж на сето она што е карактеристично за неговиот дизајн.

Гламур, сјај, пердуви, карнери и малку rock'n'roll спакувани во луксузна линија, во која овојпат виолетовата и зелената беа водечките нијанси, покрај црната.

Женственоста повторно е истакната во прв ред, но се чувствува до некаде и влијанието на уличната мода, интерпретирано преку супер кул бомбер јакни, предимензионирани капути и широките кроеви.

Флоралниот принт ја дозира колекцијата со малку романтика, а свечената нота е присутна во секој изглед што сепак оваа колекција на крајот ја заокружува како женствена и грациозна.

Објавено:
9 март 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
323 пати