Футуристичка колекција на Рик Овенс за Адидас само за најхрабрите

30 јуни 2014

Авангардниот Рик Овенс на машката модна недела во Париз конечно ја претстави проширената колекција дизајнирана за Адидас.

Иако можеби многумина не очекуваа, но основата на оваа колекција за Адидас се полу – чизмите со тотално футуристички ѓон составен од еднакво распоредени запци за уште поголема удобност при одењето.

Новата колекција на Адидас се состои од три модели во различни бои, па така можеме да ги видиме Blade High патиките во бела, црна и сива боја, потоа Blade Runner со еднаков осврт кон иднината во делот на ѓонот, но овојпат повисоки и во црна и бела боја.

Последниот модел за Адидас за колекцијата пролет/лето 2015 на Рик Овенс, го носи името Superstar Boot, а станува збор за високи кожени чизми – патики. Овој модел можете да го најдете во црна и бела боја со класичното обележје на Адидас во пределот кај прстите.

Како ви се допаднаа новите модели на Адидас? Премногу футуристички или тотално кул!?

Објавено:
30 јуни 2014
Категорија: 
Колекции