Геометриска сензуалност во колекцијата на Балман за пролет-лето 2015

26 септември 2014

Спојот на војничките мотиви со јаки бои се покажа како успешна формула во новата пролетно/летна колекција на модната куќа Балман за 2015 година, презентирана вчера во Париз. Во неа доминираат црната, црвената жолтата, белата – односно цела палета на нијанси на уметникот Пит Мондријан.


Новата колекција ја одбележаа геометриските облици кои со спојот на тешки ткаенини и транспарентни материјали придонесоа да се потенцира силуетата на моделите и тоа благодарение на корсетите и ремените околу струкот, со истакнување на пошироките рамена. Колекцијата вклучува апсолутно се', од топови, корсети, палта, до здолништа, фустани, панталони и целосни комбинезони, дефинирани со геометриски форми и шарени пруги.

 

Впечатливиот ефект на колекцијата е заокружен со сандали до глужд, како и масивните алки и минималната шминка кај манекенките. Како што се очекуваше од модната куќа, Балман и овој пат воодушеви со генијалната изведба, преточена во апстрактна сензуалност, типична за секоја модерна дама доминанта со својот сигурен чекор, а сепак женствена со својата појава.

Објавено:
26 септември 2014
Категорија: 
Колекции