H&М доследни на естетиката од 70-те и во новиот лукбук

15 мај 2015

Шведскиот гигант H&М се чини дека најактивно работи на својата маркетиншка промоција, со оглед на тоа дека за оваа сезона веќе објавија неколку каталози со новите летни линии облека и аксесоари.

Во новиот лукбук на брендот, повторно е задржана естетиката од 70-тите години и хипи фазонот кој веќе неколку сезони е омилен не само кога се работи за  дизајнот на H&M,  туку е ултимативен тренд воопшто во целата модна индустрија.

Токму затоа, воопшто не не’ изненадува тоа што низ страниците на каталогот преовладуваат флоралните принтови, транспарентните кошули, кратките џинс бермуди, кратките лелеави фустани, шрироките панталони како и лежерните кимона, идеални за претстојната сезона.

 

Објавено:
15 мај 2015
Категорија: 
Колекции