Инес Јанковиќ: Колекција инспирирана од „Scarface”

8 јуни 2013

Српската дизајнерка Инес Јанковиќ вчера пред српската публика ја презентираше својата најнова колекција за пролет/лето 2014, насловена „Glow”. Ова е четврта колекција на младата креаторка, која иако е речиси две години на модната сцена, постигна голем успех во соседството. Инспирацијата за колекцијата „Glow“ е актерката Мишел Фајфер во култниот филм „Scarface“ од 1983 година.

Инес овојпат се занимава со вонвременскиот гламур, пренесен во стилот на урбаните дами од светските метрополо. Во колекцијата доминираат фустани, здолништа, панталони, кошули и сакоа, дополнети со накит, кој исто така е нејзин дизајн и низ кој се протнуваат и футуристички елементи. Од боите, застапени се белата, сребрената и златната, но и пастелните нијанси на розева и зелена, а неизостануваат ниту популарните интензивни жолта и сина, како и неизбежната црна.

Инес Јанковиќ Инес Јанковиќ

 

 

 

Објавено:
8 јуни 2013
Категорија: 
Колекции