Интересни фустани и јакни од Desigual за оваа сезона

27 октомври 2013

Мотото на новиот лукбук на Desigual  „La Vida es Chula"  односно„ Животот е убав“ одлично се вклопува со целата колекција која е најшарената и најинтересна оваа сезона. Зимското сивило и монотонијата е разбиена од разните принтови и јаки бои кои се карактеристични за летниот период.

=

Покрај интересните фустани и јакни, шпанскиот бренд во новата колекција вметна и интересни модни додатоци, односно ракавици, ѓердани и колоритни чанти кои одлично би се вклопиле во целосниот стајлинг.

Објавено:
27 октомври 2013
Категорија: 
Колекции