Како Бенетон ја обои својата колекција за есен-зима 2013?
•
28 октомври 2013
Силна и интензивна, едноставна и раскошна, светла, а сепак мрачна, новата колекција за есен-зима 2013/14 на Бенетон е впечатлива по својата игра на контрасти. Ова е идеалната дефиниција со која би ја опишале новата линија која понуди интересни модели на облека кои вклучуваат кул и младешки дух во својата интерпретација. Новите дизајни се со цел да прикажат едно бунтовно и динамично секојдневие, со комбинација на модни парчиња кои нагласуваат стил кој освојува на прв поглед.
Она што е ново за оваа линија на Бенетон е што има смиреност на бои, нијанси и дезени. Суптилна гранџ верзија со акцент на шик изгледот.
Погледнете го едиторијалот со кој Бенетон го освои Њујорк: