Кампања на Гучи за пролет/ лето 2014

5 февруари 2014

Гучи ја претстави новата кампања за претстојната сезона во која преовладуваат цветните принтови  и комбинацијата на виолетовата, златната, сината, црвената и црната нијанса. Фотографиите ги направи познатото дуо Мерт и Маркус, стајлингот го потпишува  Едвард Енинфул, а креативното водство е на Рикардо Руини.

Црвената позадина на која позираат моделите дополително придонесе до израз да дојдат гламурозните креации, а фотографиите се направени токму на начин за да се насочи фокусот кон нив.

Објавено:
5 февруари 2014
Категорија: 
Колекции