Кејт Хадсон во омилените парчиња од Линдекс
•
21 март 2014
Овој пат Кејт Хадсон оствари соработка со модниот бренд Линдекс за пролетната колекција која ја опишува како спој на боемскиот и кежуал стил во една целина. „Уживав во соработката со Линдекс. Парчињата се наменети за различни типови на жени “– изјавила Кејт.
Пролетната колекција е поделена на три дела и тоа во првиот дел се наоѓаат парчиња кои се со боемски предзнак, впечатливи бои и принтови. Вториот дел е составен од кежуал парчиња, односно панталони и фармерки со машки крој и парчиња во спортски стил. Последниот, трет дел е инспириран од Јапонија и токму затоа во креациите доминираат цветните принтови, кимоно јакни и транспарентни маици.