Кензо ги претстави новите хит принтови

22 август 2014

01kenzo_840_472

Дејвид Линч станува се' поспоменувано име во модната индустрија. Кензо повторно ја пронајде инспирацијата во неговите остварувања, поточно во неонските реклами кои светат во темнината, познат мотив во филмовите на познатиот режисер.

И самиот назив на колекцијата за есен-зима 2015 е токму „Neon“. Но, освен со работата на Линч, дизајнерите на брендот, Умберто Леон и Карол Лим, инспирацијата ја побараа и во делата на Ден Флавин, уметник познат по своите минималистички дела во флуоресцентни бои. А токму во тие тонови се „покриени“ речиси сите колекции на Кензо. Всушност, тоа е и еден од нивните заштитни знаци.

Така, оваа зима љубителите на модата ќе уживаат во принтови со по малку хипнотизирачки линии, како и суптилни детали прошарани во неонски тонови, иако во нешто посмирена варијанта, присутни на блузите, кусите фустани, здолништата, панталоните, јакните, шаловите... Младешки, лежерно и убаво со доза на необичност својствена за брендот, се зборовите со кои може да се опише најновото од Кензо, а ништо помалку и не се очекуваше.

Во продолжение погледнете го едиторијалот направен за колекцијата за претстојната колекција.

02kenzo_840_472

03kenzo_840_472

04kenzo_840_472

05kenzo_840_472

06kenzo_840_472

07kenzo_840_472

08kenzo_840_472

09kenzo_840_472

10kenzo_840_472

11kenzo_840_472

Објавено:
22 август 2014
Категорија: 
Колекции