Клонови на Мила Јововиќ во Мадрид

16 октомври 2014

Шпанската компанија El Corte Ingles за својата најнова рекламна кампања за колекцијата есен-зима 2014/15 ја ангажираше една од најдобрите актерки и модели, Мила Јововиќ која на колекцијта и дава карактеристичен допир на новата сезона. Приказната од видео рекламата е карактеристична по тоа што убавата актерка има повеќе свои клонови на различни сцени полни со инспирација и гламур.

Мила ги презентира новите трендови преку класичен концепт на модна ревија со порака дека комбинациите се лични податоци и начин на живот преку естетската претстава на облеката.

Колекцијата е мешавина од рокерски, бохо, кежуал и формални парчиња изработени од префинети ткаенини во мешавина со волна и впечатливи животниски принтови.

"Јас сум голем  обожавател на Шпанија и беше незаборавно искуство да се работи на уште еден моден проект.  Освен тоа, многу е забавно да се работи во Мадрид, посебно низ карактеристичните улици или  најмодерните музеи ", изјавува Јововиќ.

Инаку, иако кон крајот на месец август таа изјави дека очекува принова и е во блажена состојба, но од фотографиите на најновиот едиторија нејзиниот стомак воопшто не се познава. Што точно се случило во меѓувреме останува да видиме.

Објавено:
16 октомври 2014
Категорија: 
Колекции