Колекција на Манго за пролет 2013

23 април 2013

Како и останатите модни компании, така и еден од комерцијалните и  популарни брендови за облека Манго, ја презентираше колекцијата за пролетните денови, а овојпат шпанскиот бренд црпи инспирација од сафари стилот. Привлечната пролетна колекција изобилува со комфор, минимализам,  винтиџ-елементи и младешки дух.

 

 

mango-p13-01 (9)

 

Еден од основните материјали е џинсот, кој преовладува во новата колекција. Доста маркантни се и кратките панталони, кои и за сезоната што следи нема да излезат од мода, исто како и широките пуловери и блузи.

Објавено:
23 април 2013
Категорија: 
Колекции