Колекција на Рејчел Рој за пролет-лето 2013

26 април 2013

Предноста на дизајните на американската дизајнерка е во тоа што имате чувство дека секое парче може лесно да го носите, да го комбинирате со голем број други паршиња и во исто време да изгледате шик. И пролетната колекција на Рејчел Рој содржи серија на одделни парчиња и неколку фустани со кои со голема леснотија се добиваат повеќе женствени комбинации. Во тоа доста помагаат и модните детали, накитот и чантите. Рој на мудар начин ги покрива сите елементи на женската гардероба, од кежуал шорцевите и плетивата, преку софистицираните костуми до вечерните фустани, модели кои првенствено се базираат на едноставни кроеви и интензивни бои и шари.

 

rachel-roy-01 (1)

 

Да сумираме, главните трендови во колекцијата се: мешање на различни принтови, пеплум, комбинезони, интензивни бои, фустани со една прерамка, блокови од контрасни бои. Кога сме кај боите застапени се: црна, бела, виолетова, жолта, портокалова и беж. Клучно парче: во колекцијата исполнета со шари и јаки бои, сепак би го издвоиле малиот бел фустан со дупчиња. Модни додатоци:сандали со ремчиња, салонки во портокалова боја, златни ќердани, алки од циркони и од ткаени конци, чанти од змиска кожа.

 

Rachel-Roy-1-1024x471

 

 

Објавено:
26 април 2013
Категорија: 
Колекции