Контрасти и класика во пролетната колекција на Women’ secret

18 февруари 2015

Оваа пролет престижниот бренд  за долна и лежерна облека Women’ secret, носи колекција полна со контрасти и сензуалност.

Класиците се враќаат во комбинации од пастелни и флуоресцентни бои како и градници без полнење во логопринтови и дезени во риги.

Натписи со интересни пораки или принтови се аплицирани на маичките, пижамите и ноќниците.

Женствениот сексапил е споен со урбаниот и инвентивен дизајн, а таквиот концепт секако ветува незаборавна сезона во која жените повторно ќе се чувствуваат убаво, удобно и секси.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од новиот каталог за пролет 2015.

 

Објавено:
18 февруари 2015
Категорија: 
Колекции