La Vacanza, колекцијата на Дуа Липа и Версаче, во знакот на пеперутката

25 мај 2023

Филмскиот фестивал во Кан, којшто деновиве е дефиниција за гламур и мода беше одличен сетинг за претставување на La Vacanza долгочекуваната колекција на Донатела Версаче и Дуа Липа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Versace (versace)

Капсулната колекција на којашто пејачката соработуваше со познатата дизајнерка, е плод на нивно повеќегодишно пријателство и меѓусебната поддршка.

Липа во 2018-та се појави во костим за капење од колекцијата пролет/лето на Версаче, а потоа следеа низа соработки и дружби.

Пејачката носеше и винтиџ Версаче креација на доделувањето на Греми наградите, а ја отвори и колекцијата пролет/лето 2022, на Донатела за време на Миланската модна недела.

Според Донатела, Дуа одлично го интепретира она што младите сакаат да го видат од архивата на еден современ начин.

Мотивот, којшто провејува во колекцијата, е пеперутката, за којашто Липа вели дека се поврзала уште како мала.

Пеперутката ја следи La Vacanza од мини здолништата и сандалите, па се до очилата, накитот и чантите.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Versace (versace)

Фото: Instagram

Објавено:
25 мај 2023
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
422 пати