Лауреати за крај на модната недела во Србија

22 октомври 2014

Флорин Добре Флорин Добре

Од 14-ти до 20-ти октомври, Нови Сад беше домаќин на модната недела во Србија, а во свечената сала на хотелот „Парк“ посетителите имаа можност да уживаат во модните ревии на голем број домашни, но и странски дизајнери. На последната вечер од модната недела беа доделени награди за кои одлучуваше жири составено од седум членови.

Бата Спасојевиќ Бата Спасојевиќ

 

За најдобра колекција на домашен дизајнер е избран Звонко Марковиќ, Флорин Добре од Романија за најдобра колекција на странски дизајнер, Добрила Смиљанчиќ Сирогојно за голем придонес во модата, Миша Обрадовиќ за најдобар моден фотограф, Ѓургица Ивановиќ за најдобар фризер, Ена Јовиќ за најдобра шминка, Елена Николаева за најдобар стилист, Хелена Џукановиќ и Стефан Мијаловиќ за најдобри модели, Ивана Џуриќ за најдобар млад дизајнер и Зорица Једрански ја понесе наградата за најдобар млад талент.

Ивана Муришиќ Ивана Муришиќ

Следното издание на модната недела во Србија ќе биде во април, а организаторите најавуваат специјално изненадување, односно учество на светски познат дизајнер.

Објавено:
22 октомври 2014
Категорија: 
Колекции