Манго го промовираше есенскиот каталог на модни додатоци

23 август 2013

 

Шпанскиот бренд неодамна го промовираше каталогот на модни додатоци за претстојната есен-зима 2013/14 година. Насловот на линијата со модни додатоци е „Touch“ и важи за мошне агресивна особено делот каде се потенцира дивата страна која ја поседува секоја една жена и девојка, со нагласени рок-панк-глам мотиви, во црна, бела, кафена и бордо нијанси со многу нитни и боцки на чантите и чевлите, како и синџирести алки, комбинирани со кожа и метални украси, крилести јаки во улога на ѓердани, марами со костурски глави  и кожни моторџиски ракавици.

 

 

Кежуал делот го одбележаа ранчињата и ниските едноставни обувки без многу украси, додека заштитниот знак на елеганцијата се марамите, чантите и чевлите со карирани дезени и леопардов принт, надополнети со златни и метални украси, во комбинација со софистицирани парчиња накит.

 

 

 

Објавено:
23 август 2013
Категорија: 
Колекции