Модната недела во Белград, 41-ва по ред, беше отворена со финалната ревија Fashion Scout SEE (Southeast Europe Fashion Showcase), на која се натпреваруваа 12 млади дизајнери од Хрватска, Словенија, Македонија и Србија.

Невена Ивановиќ од Србија која стои зад брендот „NEO design" е победник на натпреварот, со што директно доби прилика да ја претстави својата колекција на следната Модна недела во Лондон во септември, во рамки на програмата Ones to watch.

Невена Ивановиќ

Младите македонски дизајнери кои беа дел од натпреварот: Виктор Цветановски (Victor Kaiser), кој успеа да го освои второто место, Душица Петит (Shaleva Couture) и Ана Марија, ќе имаме можност да ги видиме со нивни ревии и во рамките на Модниот викенд во Скопје, закажан од 31 март до 2 април.

Во галеријата погоре погледнете ги дизајните на сите учесници.

 

Објавено:
30 март 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
274 пати